You are here:   Za bridge 1
Register   |  Login

Бриџот во светот

Многу луѓе го играат во светот. Што е тоа многу - ќе се запрашате? Да речеме, околу 10 милиони Американци, 100 илјади Холанѓани, 3 илјади Бугари - дали тоа е многу? Светската Бриџ Федерација (ЊБФ) е поделена на 8 зони од кои најзначајни и најбројни се ACBL  (American Contract Bridge Ligue) и EBL (European Bridge Ligue). EBL ја сочину-ваат 42 земји (покрај Европските и Израел и Либан).

Среќата во бриџот

Бриџот, особено клубската варијанта, е толку натпреварувачки ориентиран што никакви дополнителни возбудувања, како што е вложувањето пари, не се неопходни. Во модерниот бриџ (цонтрацт бридге) правилата се усмерени кон тоа да се избегне било какво влијание на среќата. Педантните статистичари пресметале дека во домашната варијанта (руббер партија), кога играат само четири играчи (тоа е онаа ситуација што сме ја гледале по филмовите кога четири англиски госпоѓи играат карти и пијат чај) среќата има 60% влијание. Во турнирските натпреварувања на двојки среќата може да влијае најмногу до 40%, додека во натпреварувањето на тимови (две двојки натпреварувачи) среќата има безначајно влијание од 1%. 

Бриџот и шахот

Ако се има предвид дека секоја поделба може да тргне по толку многу патишта, од комбинаторен аспект бриџот се спореди со шахот. Веројатно затоа не е чудно што многу шахисти уживаат да играат бриџ. Значајна разлика помеѓу бриџот и шахот е социјалната компонента. Додека во шахот натпреварувањето е еден наспроти еден, во бриџот во секоја поделба со својот партнер се обидувате да ги надмудрите сите останати што се натпреваруваат во салата. 

Кодекси во бриџот

Строгиот КОДЕКС во никој случај не дозволува да го измамите или да го понижите противникот. На пример, блефот е дозволен само во одредени ретки случаи. При тоа играчот треба да води сметка дека на тој начин го лаже и својот сопствен партнер, па добивката од таквиот потег може да се претвори во тежок пораз. Не помалку значаен елемент во играта е психолошкиот. Проценката на противниците и приспособувањето на сопствената игра за да се
обезбедат најдобри резултати е она што ги одликува добрите играчи.